Денеска во Нион се одржа ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите, а формиран е и „костурот“ на ждрепката и за четвртфиналето и за полуфиналето, што значи дека сега секој од преостанатите 16 клубови го знае патот до финалето кое ќе се игра на 31 мај во Минхен.
Од осминафиналните двојки се издвојуваат дуелите помеѓу ПСЖ и Ливерпул, мадридската пресметка помеѓу Реал и Атлетико и германскиот меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен.
Исто така, познато е дека во четвртфиналето победникот од натпреварот ПСЖ – Ливерпул ќе игра против победникот од натпреварот Клуб Бриж – Астон Вила, победникот од натпреварот ПСВ Ајндховен – Арсенал ќе игра против победникот од натпреварот Реал – Атлетико, победникот од натпреварот Бенфика – Ливерпул, победникот од мечот Борусија Дортмунд-Лил, додека победникот меѓу Баерн и Баер оди на подобриот од Феенорд и Интер.
Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 4 и 5 март, реваншите се на 11 и 12 март, а четвртфиналните на 8 и 9 и 15-16 април, а за полуфиналето на 29-30 април и 6-7 мај.
Двојки за осминафиналето:
ПСЖ – Ливерпул
Клуб Бриж – Астон Вила
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид
ПСВ – Арсенал
Феенорд – Интер
Баерн – Баер Леверкузен
Борусија Дортмунд – Лил
Бенфика – Барселона