Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против Романија во баражот за Светското првенство што ќе се одржи годинава во Шпанија.

Првиот натпревар ќе се игра во Романија на 16/17 април, додека реваншот во Македонија е предвиден за 20/21 април.

Победниците од десетте дуели во баражот ќе обезбедат учество на Мундијалот во Шпанија, каде што покрај домаќинот, досега се квалификуваа и шампионот Холандија, како и најдобрите четири селекции од Европското првенство – Норвешка, Данска, Франција и Хрватска.

Бараж-двојки

Романија – Македонија
Турција – Русија
Чешка – Швајцарија
Словенија – Исланд
Словачка – Србија
Украина – Шведска
Австрија – Полска
Унгарија – Италија
Португалија – Германија
Црна Гора – Белорусија