За престижното признание на ЕХФ за „најдобра светска ракометарка“, во конкуренција се три Холанѓанки, една Норвежанка и една Русинка
Светската ракометна федерација (ИХФ) на својата интернет-страница го најави изборот на најдобра ракометарка за 2019 година. За оваа престижна титула ќе се борат три Холанѓанки, една Норвежанка и една Русинка. Тоа се десниот бек на Ростов Дон и руската репрезентација Ана Вјахирева, норвешката репрезентативка и организатор на играта на Ѓер, Стине Брадел Офтедал, и холандските репрезентативки, голманката на Одензе, Тес Вестер, левиот бек на Ростов Дон, Луис Абинг, и левиот бек на Есбјерг, Еставана Полмен.
По четири освоени титули најдобра светска ракометарка (2010, 2015, 2016, 2018), годинава Романката Кристина Неагу не се најде меѓу финалистките.
Вјахирева беше една од клучните ракометарки на руската репрезентација на СП во Јапонија 2019, но и за рускиот првак Ростов Дон во финалето на ЛШ. На СП таа беше најдобра асистентка, со 62 проигрувања, и втор стрелец кај Русинките, со 45 гола. Норвешката организаторка на играта Офтедал беше лидерка на унгарскиот првак Ѓер во одбраната на шампионската титула во ЛШ. Со 47 асистенции и 51 погодок, таа ја предводеше Норвешка до четвртото место на СП.
Централниот бек на Холандија, Полман, пак, која ја освои титулата најкорисен играч (МВП) на СП во Јапонија, одигра една од клучните улоги во освојувањето на првата светска круна за Холандија, со 58 гола и 43 асистенции. Со Есбјерг стигна до втората титула во данскиот шампионат и финалето на Купот на ЕХФ.
Абинг беше најдобар стрелец на СП, со 71 гол, а токму со нејзиниот последен гол Холандија и стигна до титулата светски првак. Таа со рускиот тим Ростов Дон стигна до финалето во ЛШ, а триумфира во Првенството на Русија.
Голманката Вестер беше главниот столб на одбраната на Холандија на патот кон првата светска круна. Со 107 одбрани, беше прогласена за најдобра голманка на СП 2019.
Љубителите на ракометот ќе можат да се изјаснат до 18 јули, а во гласањето се вклучени девет врвни ракометни тренери и девет ракометни експерти на ИХФ. Победникот ќе биде објавен на 18 јули.