Ракометарите на Вардар славеа на гостувањето кај актуелниот европски првак Монпелје со 27-24, во мечот од првото коло на новата сезона во Лигата на шампионите (ЛШ).
Ова беше дуел на полуфиналистите од минатиот фајналфор на ЛШ во Келн. Тогаш француската екипа беше подобра од Вардар со 28-27.
Кај македонскиот првак се истакнаа голманот Дејан Милосављев кој забележа 16 одбрани и Вуко Борозан кој постигна осум гола. Прв стрелец кај Монпелје беше Вид Кавтичник со шест погодоци.
Вардар во следната рунда од натпреварувањето го пречекува шведски Кристијанштад на 22 септември.