Со победата над Еурофарм Работник (29-27) во мечот од 8-то коло од плејофот, ракометарите на Металург ја заверија вицешампионската титула со што следната сезона обезбедија учество во регионалната Сеха-лига, како и можност за нова сезона во Лигата на шампионите (ЛШ). Победа и чекор кон Европа направија и ракометарите на Пролет, кои во мечот со Охрид славеа со 28-25.
По барање од селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес, поради почеток на подготовките за бараж-дуелите со Романија, мечевите од последните две кола ќе се играат во забрзан ритам. Синоќа се играше дуелот меѓу Пелистер и Металург, денеска играат Еурофарм и Охрид, а мечевите од последното 10-то коло наместо на 3 јуни, ќе се играат на 29 и 30 мај.