Ракометарите на Металург беа поразени вечерва на гостувањето кај Татран Прешов со 20-30 во мечот од 17-то коло на Регионалната лига.
За словачкиот тим ова беше многу важен триумф, откако ја продолжува битката со Мешков Брест за пласман на завршниот турнир.
Натпреварот беше рамноправен во првите 25 минути, додека се играше гол за гол, но Татран во завршницата од првото полувреме „додаде гас“ и замина на паузата со предност од 16-11. Во второто полувреме разликата се зголемуваше и домаќините го добија дуелот.
Хрстка со седум гола и Буторац со пет беа најпрецизни за домаќините. Кај Металург, Димитриоски и Токиќ реализираа по четири погодоци.
Последниот натпревар од Регионалната лига, ракометарите на Данило Брестовац ќе го одиграат на 12 март, кога во Скопје доаѓа Војводина.