Ракометарите на Металург ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната со тренингот одржан попладнево во салата „Автокоманда“.
Златко Хорват, Бранко Канкараш, Марко Тарабокија, Стефан Додиќ, Мартин Серафимов и Милан Лазаревски добија дополнително слободно време за одмор поради репрезентативните обврски.
Предвидено е Металург да одигра неколку контролни средби во текот на подготвителниот период кој ќе го помине во Скопје.
Металурзите ќе го почнат пролетниот дел од сезоната на 9 февруари, со мечот од Лигата на Европа против француски Тулуз во Скопје.