На едно коло до паузата во ракометната Лига на шампионите поради Светското првенство, а пет до завршувањето на групната фаза, три екипи од групата А и дури шест екипи од групата Б се во трка за избегнување на дното на табелите. Мешков, Кристијанстад и Монпелје ќе се борат за шестата позиција во групата А, а Фленсбург, Нант, Мотор, Скјерн, Целје и Загреб се во трка за позиционирање од третата до шестата позиција во групата Б.
На едно коло до завршницата од групната фаза во групите Ц и Д, сигурни патници во бараж-дуелите за пласман во осминафиналето се Силкеборг и Спортинг од групата Ц и Висла од групата Д. За втората позиција во групата Д во игра се дури три екипи, и тоа Динамо (12 бода), Елверум (12) и Адемар (11). На Динамо доволен му е еден бод од гостувањето кај последнопласираниот Вакер.