Првиот натпревар е закажан в четврток во Целје, а реваншот в недела во Скопје. Во годинашното издание на Еврокупот учесници се трите домаќини на Европското првенство годинава, Македонија, Црна Гора и Словенија, како и актуелниот европски и светски шампион, Норвешка
РАКОМЕТ – ЕВРОКУП НА ЕХФ
Женската репрезентација на Македонија денеска (12.30 часот), во Скопје, ќе го има првиот собир, пред двата дуела со соодветната селекција на Словенија, во рамките на Еврокупот на Европската ракометна федерација (ЕХФ). За време на неделата на ЕХФ, првиот натпревар е закажан в четврток на гостински терен во Целје, а вториот в недела во Скопје.
Во годинашното издание на Еврокупот учесници се трите домаќини на Европското првенство годинава, Македонија, Црна Гора и Словенија, како и актуелниот европски и светски шампион, Норвешка.
Првите два натпревара против Црна Гора „црвено-жолтите“ ги загубија, во Скопје со 19-21, а на гости со 30-31. Словенките, пак, двапати загубија од Норвежанките.
Селекторот на Словенија, црногорскиот стратег Драган Аџиќ, за натпреварите против Македонија повика три нови ракометарки, Блажка Хауптман, Тајда Трипковиќ и Урша Урбанчич, а во составот ќе биде и првата ѕвезда Ана Грос.
Селекторот на македонската репрезентација, Љубомир Савевски, за овие мечеви со Словенија повика 21 ракометарка, од кои 11 се интернационалки: Јована Мицевска, Драгана Петковска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Леонида Гичевска, Моника Јаневска, Симона Стојковска, Сања Дабевска, Марија Штериова, Габриела Величковска, Марија Јовановска, Сара Миновска, Емилијана Ризоска, Теодора Дукоска, Ивана Џатевска, Александра Коловска, Ангела Јанкуловска, Андреа Седлоска, Ивана Арсениевска, Ива Младеновска, Бојана Коцева.
ЕХФ-КУП 2022
Црна Гора – Норвешка среда, 18 ч.
Словенија – Македонија четврток, 18 ч.
Норвешка – Црна Гора сабота, 16.45 ч.
Македонија – Словенија недела, 18.30 ч.
ТАБЕЛА
Норвешка 2 2 0 0 4
Црна Гора 2 2 0 0 4
Македонија 2 0 0 2 0
Словенија 2 0 0 2 0