Фото: Маја Јаневска-Илиева

Aргентина има подобра вкупна гол-разлика, па Македонија само со победа може да се пакува за пат во Катовице во втората групна фаза. Во спротивно ќе продолжи да игра во Президент-купот, каде што ќе настапат последнопласираните во секоја од осумте групи. Сепак, треба да се биде мошне внимателен, особено со искусниот централен бек Диего Симонет (Монпелје), кој на дуелот со Норвешка постигна седум гола. Аргентина од 1997 година постојано игра на СП, а најдобриот пласман ѝ е токму на претходното СП, во 2021 година, кога беше 11-та

РАКОМЕТ – СП 2023 ВО ПОЛСКА И ВО ШВЕДСКА

Македонската ракометна репрезентација по двата пораза, од Норвешка (29-39) и од Холандија (24-34), денеска од 18 часот во полскиот град Краков, со Аргентина ќе го одигра решавачкиот натпревар за пласман во главната групна фаза на 28. Светско првенство (СП) во Полска и во Шведска. И Аргентина забележа два пораза во групата Ф.
– Дојдовме да поминеме во главната рунда, но ова не ми се допаѓа. Може да загубиме, и Норвешка и Холандија се подобри од нас во моментов, ама да беше достоинствено, зошто да не загубиме со четири, пет, шест гола разлика. Многу сме посветени и ќе работиме, но мора да сфатиме дека ова е колективен спорт. Гледаме дека сите бележат напредок и успеси. Имаме талентирана генерација, тоа го тврдам и сигурно ќе имаме успеси во иднина. На тој пат сме и ова претставува едно големо искуство, но за тоа ќе зборуваме подоцна. Сега е најважно да се пласираме во втората рунда, а за тоа е најважен третиот дуел со Аргентина – вели македонскиот селектор Кирил Лазаров.
На Македонија на овој меч ѝ е потребна само победа, оти Aргентина има вкупна гол-разлика од минус 21, а Македонија има минус 22, па само со победа може да се пакува за пат во Катовице. Во спротивно ќе продолжи да игра во Президент-купот, каде што ќе настапат последнопласираните во секоја од осумте групи.
Сепак, треба да се биде мошне внимателен, особено со искусниот централен бек Диего Симонет (Монпелје), кој на дуелот со Норвешка постигна седум гола. Аргентинците досега настапиле на 13 мундијали, и тоа во низа почнувајќи од 1997 година, на шампионатот во Јапонија, кога биле 22., а најдобриот пласман им е токму на претходното СП, во Египет, во 2021 година, кога беа на 11-та позиција.
Според „Датахандбал“, Македонија во овој период на смена на генерациите е најмладата репрезентација на ова СП, со просек од 25,3 години. Македонските ракометари досега настапиле на осум светски првенства, а најдобриот пласман е остварен во 2015 година, кога беше освоено деветтото место. Г.И.


ГРУПА Е
Германија – Србија 34-33
Катар – Алжир 29-24
ТАБЕЛА
Германија 2 2 0 0 4
Србија 2 1 0 1 2
Катар 2 1 0 1 2
Алжир 2 0 0 2 0
Двојки за денеска: Алжир – Германија (18 ч.), Катар – Србија (20.30 ч.).

ГРУПА Ф
Македонија – Холандија 24-34
Норвешка – Аргентина 32-21
ТАБЕЛА
Норвешка 2 2 0 0 4
Холандија 2 2 0 0 4
Аргентина 2 0 0 2 0
Македонија 2 0 0 2 0
Двојки за денеска: Македонија – Аргентина (18 ч.), Холандија – Норвешка (20.30 ч.).

ГРУПА Г
Египет – Мароко 29-19
Хрватска – САД 40-22
ТАБЕЛА
Египет 2 2 0 0 4
Хрватска 2 1 0 1 2
САД 2 1 0 1 2
Мароко 2 0 0 2 0
Двојки за денеска: САД – Египет (18 ч.), Хрватска – Мароко
(20.30 ч.).

ГРУПА Х
Белгија – Тунис 31-29
Данска – Бахреин 36-22
ТАБЕЛА
Данска 2 2 0 0 4
Белгија 2 1 0 1 2
Тунис 2 0 1 1 1
Бахреин 2 0 1 1 1
Двојки за денеска: Белгија – Бахреин (18 ч.), Тунис – Данска (20.30 ч.).

ГРУПА А: Синоќа играа Црна Гора – Чиле и Иран – Шпанија. Табела по второто коло: Шпанија 4, Црна Гора 2, Иран 2, Чиле 0.

ГРУПА Б: Синоќа играа Словенија – Франција и Полска – Саудиска Арабија. Табела по второто коло: Словенија 4, Франција 4, Полска 0, Саудиска Арабија 0.

ГРУПА Ц: Синоќа играа Бразил – Зелено`ртски Острови, Уругвај – Шведска. Табела по второто коло: Шведска 4, Бразил 2, Зелено`ртски Острови 2, Уругвај 0.

ГРУПА Д: Синоќа играа Јужна Кореја – Исланд, Португалија – Унгарија. Табела по второто коло: Унгарија 4, Португалија 2, Исланд 2, Јужна Кореја 0.