Фото: „Нова Македонија“

РАКОМЕТ – ЛШ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, ПРВИ МЕЧЕВИ

Ракометарите на француски Монпелје и на шпанска Барселона убедливо победија во првите четвртфинални дуели во Лигата на шампионите (ЛШ) и се на чекор до пласман на фајналфор-турнирот во Келн. Минимални победи дома остварија полски Киелце и унгарски Веспрем. Реваншите се на 1 и на 2 мај. Од четвртфиналистите, лани на фајналфор-турнирот играа Магдебург, Киелце, Барселона и ПСЖ, во 2022 година настапија Кил и Веспрем, Алборг во 2021, а Монпелје во 2018 година. Монпелје славеше дома со 39-30 (20-16) против бундеслигашот Кил, во меч во кој голманот Реми Десбоне имаше 16 одбрани. Киелце победи со 27-26 (14-13) на средбата со актуелниот европски првак, Магдебург од Германија (двата тима лани играа во финалето на ЛШ). Победничкиот гол, од вкупно седум, го постигна Игор Карачиќ, а еден погодок повеќе постигна Алекс Душебаев. Алборг имаше предност против Веспрем на гости, но домашниот тим со голот на Омар Јахија во последната секунда победи со 32-31 (12-17). Барселона, благодарејќи на одличното второ полувреме дојде до значајна предност на гостувањето кај француски ПСЖ (двата клуба лани меѓу себе играа во мечот за третото место во ЛШ), славејќи со 30-22 (11-14). Г.И.


ЛШ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Киелце – Магдебург 27-26
Монпелје – Кил 39-30
Веспрем – Алборг 32-31
ПСЖ – Барселона 22-30

реваншите се идната недела