Ракометарите на Металург убедливо ја совладаа Македонија Ѓорче Петров со 36-23 во првиот меч на домашен терен сезонава во Првата Лига, со што ја продолжија победничката серија. Тие претходно славеа и против Партизан од Гевгелија и Кичево.
Металург на полувреме имаше водство од три гола (15-12), кое по паузата го зголеми за рутински триумф.
Коста Николовски со 11 и Филип Петровски со 10 гола беа најефикасни кај домаќинот, додека кај гостите се истакна Максимилијан Ѓиноски со шест погодоци.