Македонија двапати досега ги одмерила силите со Словенија на европските првенства во ракомет и двапати го напуштила теренот како победник. Првиот пат тоа се случи на ЕП 2012 година во Србија, кога во мечот за петтата позиција Македонија славеше со 28-27, а вториот пат на ЕП 2018 година во Хрватска, кога Македонија беше подобра со 25-24.
Борут Мачковшек, Ник Хенигман, Гашпер Маргуч и Блаж Благотиншек играат во Унгарија, а Стаж Скубе бил таму и претходно, а селекторот Љубомир Врањеш беше тренер на унгарскиот клуб Веспрем, но и селектор на Унгарија.
– Направивме добри подготовки, а првиот натпревар е секогаш мистерија. Веќе неколкупати сме се натпреварувале со Македонците и нема непознаници меѓу нас – вели за тамошните медиуми Благотиншек.
ДВОЈКИ, 1. КОЛО
ГРУПА А: Словенија – Македонија (18 ч.), Данска – Ц. Гора (20.30 ч.)
ГРУПА Б: Унгарија – Холандија (20.30 ч.), Португалија – Исланд (утре, 20.30 ч.)
ГРУПА Ц: Србија – Украина (18 ч.), Хрватска – Франција (20.30 ч.)
ГРУПА Д: Германија – Белорусија (утре, 18), Австрија – Полска (утре, 20.30)
ГРУПА Е: Шпанија – Чешка (18 ч.), Шведска – БиХ (20.30 ч.)
ГРУПА Ф: Русија – Литванија (18 ч.), Норвешка – Словачка (20.30 ч)