РАКОМЕТ
- Женската репрезентација на Македонија игра со Германија на 8 април во Скопје и со Словенија на 12 април на гости. Македонките моментално се на третата позиција во групата три, со шанси за осми пласман на ЕП
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го скрати првобитно објавениот список од 35 ракометарки на 20 пред решавачките дуели со Германија (8 април, СЦ „Борис Трајковски“, од 18 ч.) и со Словенија (12 април со Словенија, на гости, од 18 ч.) за пласман на Европското првенство (ЕП) годинава. Меѓу 20-те ракометарки ги нема повредените Сара Ристовска и Ивана Арсениевска. Од повиканите, девет се интернационалки, од Хрватска, Полска, Романија, Унгарија, Чешка и од Франција, а од домашните клубови седум се од Ѓорче Петров, три од Вардар и една од Атлетик.
Македонките моментално се на третата позиција во групата три, со два бода, со шанси за осми пласман на ЕП. Двете првопласирани репрезентации од секоја од шесте квалификациски групи и четирите најдобри меѓу третопласираните обезбедуваат пласман на ЕП 2026. Според рангирањето на третопласираните, прва е Португалија, а потоа се Украина, Македонија, Израел, Финска и Италија. Пласман на ЕП 2026 преку квалификациите досега обезбедија Франција, Холандија, Германија, Шведска и Шпанија. Директно на ЕП 2026 се пласираа домаќините Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција, како и најдобрите три селекции од ЕП 2024, Норвешка, Данска и Унгарија.
Состав: Андреа Илиќ, Драгана Петковска, Матеа Чурлиноска, Ивана Џатевска, Ангела Јанкуловска, Марија Јанкуловска, Ива Младеновска, Ана Марија Коларовска, Марија Гугуљанова, Бојана Коцева, Катерина Дамјаноска, Леона Миленкоска, Јована Кипријановска, Андреа Седлоска, Борјана Коцева, Емилијана Ристоска, Ивана Гакидова, Сара Стефановска, Таида Беровиќ, Теодора Дукоска. Г.И.
ГРУПА 3
Македонија – Германија 8 април, 18 ч.
Белгија – Словенија 8 април, 20.10 ч.
ТАБЕЛА
Германија 4 4 0 0 137-80 8
Словенија 4 2 0 2 98-105 4
Македонија 4 1 0 3 96-116 2
Белгија 4 1 0 3 97-127 2































