Фото: „Нова Македонија“

РАКОМЕТ

  • Македонија преку овие квалификации ќе се обиде осми пат да биде дел од едно ЕП, а за ривали ги има Германија, Словенија и Белгија. Пласман на ЕП ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од секоја од шесте квалификациски групи и четирите најдобри меѓу третопласираните

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот состав со ракометарките на кои смета за претстојните натпревари со Германија и со Словенија во квалификациите за пласман на 17. Европско првенство (ЕП) в година, во Полска, Чешка, Романија, Словачка и во Турција. Првиот натпревар Македонките ќе го играат на гости во Гумерсбах, со Германија на 16 октомври (19.30 ч.), а вториот три дена подоцна во Битола, со Словенија (18 ч.).
На списокот се 23 домашни ракометарки од пет клуба и 12 интернационалки, кои настапуваат во осум странски првенства. Македонија преку овие квалификации ќе се обиде осми пат да биде дел од едно ЕП, а за ривали ги има селекциите на Германија, Словенија и на Белгија. Натпреварите се во октомври годинава и во март и април идната година. Пласман на ЕП ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од секоја од шесте квалификациски групи и четирите најдобри меѓу третопласираните. Титулата ќе ја брани Норвешка, која е и најуспешна репрезентација со 10 злата. Македонија најдобриот пласман го постигна во Скопје во 2008 година, кога беше седма, а двапати беше осма.
Состав: Анастасија Трпеска, Стефанија Ѓоргиевска, Бојна Коцева, Катарина Дамјаноска, Борјана Коцева, Емилијана Ризоска, Теодора Дукоска, Милица Николиќ, Софи Гошевска, Марија Јанкуловска, Ива Божиновска, Ана Марија Коларовска, Марија Гугуњанова, Сара Миновска, Матеа Чурлиновска, Стефани Ристиќ, Исидора Котеска, Наталија Дишковска, Моника Босилковска, Михаела Кралева, Андреа Илиќ, Леона Миленкоска. Хана Мифтари, Ивана Џатевска, Јована Кипријаноска, Драгана Петковска, Андреа Седлоска, Сара Ристовска, Сара Стефаноска, Ивана Арсениевска, Ивана Гакидова, Пена Граматикова, Моника Јанеска Килдан, Ангела Јанкуловска и Ива Младеновска. Г.И.