Фото: Нова Македонија

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, го скрати списокот на 20 ракометари на кои ќе смета за претстојниот собир за одигрување на квалификациските дуели против репрезентациите на Турција и на Грција, за пласман на ЕП 2020 година.

Во отсуство на поштедениот организатор на играта Филип Миркуловски, неговото место Гонзалес го пополни со централниот бек на Еурофарм, Филип Чурлевски, што е и единствена промена од претходните собири. Од поширокиот репрезентативен список ги нема Костадин Петров, Марко Мишевски, Томислав Јагуриновски, Марио Танкоски, Димитар Димитриоски, Филип Арсеновски, Милорад Кукоски и Мартин Манасков.

Во првиот квалификациски натпревар, кој ќе се игра на 25 октомври (20.15 ч) во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, македонските ракометари за противник ќе ја имаат Турција, а потоа ќе ѝ гостуваат на Грција во Кожани, во меч што ќе се игра на 28 октомври од 18.30 ч. Собирот на репрезентацијата е закажан за понеделник, (22 октомври) во 16.30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. 


Список на ракометари

ГОЛМАНИ: Мартин Томовски (Металург), Борко Ристовски (Бенфика), Никола Митревски (Констанца), Златко Даскаловски (Стразбур), КРИЛА: Мартин Манасков (Веспрем), Гоце Ојлески (Еурофарм), Гоце Георгиевски (Букурешт), Мартин Поповски (Вардар). БЕКОВИ: Кирил Лазаров (Нант), Немања Прибак (Бешикташ), Филип Талески (Левен), Филип Лазаров (Ратинган), Филип Чурлевски (Еурофарм), Филип Кузмановски (Еурофарм), Велко Маркоски (Констанца), Горан Крстевски (Еурофарм), Мартин Велковски (Металург), ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Запорожје), Никола Марковски (Еурофарм).