Ракометната репрезентација на Франција се врати на олимпискиот трон откако ја победија Данска во финалето со 25-23 на олимпискиот турнир. Завршниот меч го судеше македонската двојка Начевски-Николов.
Фрнцузите трет пат во историјата го освојуваат златото на олимпискиот турнир. Тие им се реваншираа на Данците за поразот во финалето на претходните Летни олимписки игри во Рио де Женеиро.
Франција од почетокот го контролираше мечот. Во првиот дел стекна водство од четири гола, за во второто полувреме во три наврати да има предност од шест гола. Данска успеа да дојде до негатива од еден гол и да избори напад за изедначување во самата завршница, но не го искористи.