Македонските женски селекции во сениорска и во јуниорска категорија ќе одиграат по два контролни натпревара со соодветните селекции на Црна Гора во рамките на неделата на Европската ракометна федерација (ЕХФ). За избраничките на селекторот Симе Симовски овие два натпревара ќе бидат дел од подготовките за бараж-дуелите со Словенија за пласман на Светското првенство (СП) годинава во Јапонија.
Паузата ќе ја искористи и селекторката на јуниорската репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, чии избранички, исто така, ќе одиграат два контролни натпревара. Дуелите се закажани за 22-ри (15 и 17 часот) и 23 март (10 и 12 часот), во салата „Автокоманда“ во Скопје (влезот е слободен).
Сениорки: голманки: Матеја Серафимова, Драгана Петковска, крила: Јована Саздовска, Сара Ристовска, Марија Гајиќ, Симона Николовска. Бекови: Марија Штериова, Душица Георгиевска, Леонида Гичевска, Елена Георгиевска, Дајана Јовановска, Александра Боризовска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Габриела Величковска, Моника Јаневска. Пикери: Марија Николиќ, Ивана Гакидова.
Јуниорки: Јована Мицевска, Амра Илјаз, Анастасија Буразер, Симона Грујовска, Милица Николиќ, Јана Калајџиевска, Мила Трајковска, Јована Кипријановска, Тамара Ивановска, Андреа Седловска, Ангела Јанкуловска, Ана Марија Божиновска, Мила Георгиевска, Стефани Софтовска, Марија Тасевска, Ивана Затуровска, Мирјана Петковска, Арлинда Динарица, Аида Смајлоска, Ивана Џатевска.