Со натпреварите од 4-то коло од Лигата на шампионите продолжи победничката серија на ракометарите на Вардар, ПСЖ и на Сегед, а продолжи и црната поразителна серија за актуелниот првак Монпелје, шведски Кристијанстад и украински Мотор, од групите А и Б. Вардар по доброто второ полувреме славеше над Левен со 27-25, ПСЖ се мачеше со Нант, но победи со 35-34, а Сегед беше супериорен во дуелот со Целје, 33-24.
Четврти меч едноподруго тимот на Патрис Канаје губи, па прво Вардар (27-24), па Мешков (26-23), па Киелце (29-26) и сега шпанскиот првак Барселона со високи 35-27 му одржаа ракометна лекција на европскиот шампион.
Полскиот првак Киелце му го нанесе четвртиот пораз на Кристијанстад (33-31), а по поразот на Мотор од Фленсбург со 31-24, местото на клупата на украинскиот првак го загуби полскиот тренер Патрик Ромбел.
По заминувањето на Љубомир Врањеш, унгарскиот првак Веспрем забележа минимална, но важна победа на гостувањето кај Мешков. На прва победа се израдуваа и Чеховски медведи, со 28-27 на гости кај Татран, а Адемар Леон ја прекина победничката серија на Висла, со победа со 27-24. Минимални гостински победи славеа Елверум над Тун (29-30) и Динамо над Кокс (31-32). Победи и португалскиот првак Спортинг на гостувањето кај Бешикташ со 27-33. Синоќа Загреб и Металург гостуваа во Данска, кај Скјерн, односно кај Силкеборг.