Екипата на Металург вечерва извојува втора победа над ракометарите на Вардар, во период од само еден месец, овојпат во рамките од последното коло во Суперлигата, 32:29 (16:15).
Металург беше тимот кој држеше темпо на игра и водеше во текот на речиси целата средба.
Она што е уште помалку верно е дека „црвено-црните“ за четири дена доживеаја нов пораз на домашната сцена, по оној од Пелистер во саботата.
Вардар од минатиот вторник ја има обезбедено титулата и ракометарите веќе ги добија трофејот и медалите така што се подготвуваат за мечот в сабота против Барселона во Келн.