По реванш-мечот со Локомотива од Загреб, Шпанките славеа со вкупен резултат од 60-59

РАКОМЕТ – ПО ФИНАЛЕТО ВО КУПОТ НА ЕХФ

Шпанскиот тим Малага го освои својот прв трофеј на европската сцена, откако во рамките на Купот на ЕХФ, по реванш-мечот со Локомотива од Загреб, победи со вкупен резултат од 60-59. Шпанките на свој терен славеа со 32-28, а во реваншот, пак, Локомотива забележа минимална победа од 31-28.
– Знаевме дека ќе биде потешко отколку во првиот натпревар, но издржавме. Загреб навистина беше блиску до победа, но ние успеавме да издржиме до последниот свиреж. Кога го видов резултатот на крајот од натпреварот – изјави по мечот, голманката на Малага, Вирџинија Фернандез.
Левото крило Соледад Лопез со седум гола беше најефикасна во шпанскиот состав, а Естела Родригез и Изабела Дос Сантос постигнаа по пет гола. Најефикасни, пак, во хрватскиот состав беа близначките Дора и Лариса Калаус (двете по шест гола) и Стела и Паула Посавец (вкупно девет).
Синоќа во Баја Маре, Романија, се одигра финалето на женската Лига на Европа (ЛЕ), каде што место изборија унгарски Шиофок и француски Нант. Во полуфиналните дуели, Унгарките беа подобри од дански Хернинг со 36-34, а со истиот резултат, Нант го победи домаќинот на завршниот фајналфор-турнир, Баја Маре.