Во финалето на шампионатот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) од дивизијата Б, Македонија го победи Исланд со 27-26

РАКОМЕТ – КАДЕТКИТЕ ЈА ОСТВАРИЈА ЦЕЛТА

Македонските кадетки и младинки од следната година ќе играат еден ранг погоре, односно меѓу најдобрите 16 европски селекции на европските првенства, откако во финалето на шампионатот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) од дивизијата Б за ракометарки до 17 години, ја победија селекцијата на Исланд со 27-26.
Македонските кадетки одиграа одличен турнир во Литванија, каде што со пет победи, над Косово (33-15), Литванија (28-15), Финска (21-20), Полска (25-22) и Исланд (27-26), и еден пораз од Шпанија (24-27) стигнаа до трофејот, кој на Македонија ѝ донесе промоција во повисок ранг на натпреварување на младите женските селекции.
Десните бекови Теодора Дуковски (37 гола) и Ива Младеновска (35) заедно со левиот бек Емилија Ризова (33) беа најефикасни во македонскиот состав.
Иако играше со две години повозрасни ракометарки, младата ракометарка на Металург, Младеновска (14 год), прикажа одлична, ефикасна и борбена игра, која ѝ го донесе признанието најкорисна ракометарка (МВП) на турнирот, додека, пак, Дуковска и голманката Марија Јовановска беа прогласени за најдобар десен бек, односно најдобар голман во олстар-тимот на шампионатот.