Медитеранскиот бисер, градот Задар, ќе биде годинашен домаќин на најдобрите четири екипи во деветтата сезона од ракометната Регионална лига (РЛ). Според најавите на раководството на РЛ, финалниот турнир е предвидено да се игра од 3 до 5 април, во спортскиот центар „Вишик – Крешимир Ќосиќ“.
Покрај бранителот на титулата Вардар и унгарскиот првак Веспрем, фаворити за пласман на годинашниот завршен турнир, се уште и хрватскиот шампион Загреб и белорускиот првак Мешков Брест, кој, пак, сѐ уште не ги одиграл осминафиналните дуели со кинески Пекинг, по што му следува и двомеч со првакот на Украина Мотор Запорожје.
– Среќни сме што Хрватска третпат ќе биде домаќин на завршниците во РЛ. По Загреб (2012) и по Вараждин (2016), Задар ќе биде третиот хрватски домаќин на финалниот турнир, кој ќе се потруди да обезбеди одлични услови како за играчите така и за љубителите на ракометот – изјави извршниот директор на РЛ, Синиша Остоиќ.