Ракометарките на Куманово славеа против Металург со 30-22 во дербито од седмото коло на Суперлигата, одиграно вечерва во Скопје, со што ја задржаа челната позиција на табелата.
Гостинската екипа дојде до одлучувачката предност во вториот дел по голема борба и изедначена игра во првото полувреме, по кое Куманово имаше водство од 13-11.
Најефикасни кај ЖРК Металург беа Марија Тасевска со 6 и Ива Божиновска со 5 гола, додека пак кај на ЖРК Куманово предничеа Ангела Јанкуловска со 7 и Александра Боризовска со 6 постигнати погодоци Т.Д.