Селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалес одлучи со кои шеснаесетмина ракометари ќе се обиде да ги освои првите бодови на Светското првенство.
Македонија денеска се среќава со Јапонија, во првиот меч од групата Б во Минхен, со почеток од 15.30 часот.
Селекторот Раул за овој натпревар ќе смета на: Борко Рисовски, Никола Митревски (голмани), Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров
Филип Талески, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Кирил Лазаров, Горан Крстевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Марио Танкоски и Филип Чурлевски.
Шанса за учество на Мундијалот ќе чекаат голманот Златко Даскалоски и пикерот Милан Лазаревски.