Во второто полуфинале од ракометниот Куп на Македонија, актуелниот шапмион во натпреварувањето Вардар беше подобар од Еурофарм Работник од Битола со резултат 35-30.
По изедначениот почеток и неизвесната игра, избраниците на Парондо заминаа на полувреме со два гола разлика (18-16). Второто полувреме започна слично и со изедначена игра, се до 50-тата минута, кога Вардар успеа да направи разлика од 30-25, која беше доволна за победа на натпреварот.
Кај учесникот на фајнлфор-турнирот во Лигата на шамипионите напрецизни беа Скубе и Мораеш со по седум гола, кај Еурофарм Работник Остроушко постигна девет.
Во финалето на Купот на Македонија, Вардар ќе се сретне со вечниот ривал Металург, кој претходно денес беше подобар до тимот на Бутел со резултат 34-31. Т.Д.