Четиринаесеттото Европско првенство (ЕП) во ракомет за мажи, кое викендов заврши во Стокхолм, зад себе остави долга низа рекорди и интересни статистички податоци. Тоа беше првото ЕП што се играше во три земји, прво на кое учествуваа 24 селекции и на кое се поставија рекорди во посетеност (вкупно 492.628 гледачи, а 7.579 по натпревар) и според бројот на голови (3.532). Oва беше првото ЕП на кое беше воведена чип-технологија за следење на топката, играта и на играчите, со која се поставија норми за брзина, прецизност, скочност, подвижност и сл. Од некои од податоците, Сандер Сагосен е прв во неколку статистички категории, Блаж Благотиншек е најдобар блокер, Филип Талески го има најбрзиот шут, Мигуел Мартинс скокна највисоко, Џери Толбринг истрча најбрзо, Кристијан Бјорнсен беше најдолго во игра…
СТАТИСТИКА ОД ЕП 2020
Најдобар стрелец Сандер Сагосен, 65 гола
Најмногу голови од пенал Микита Ваилупау, 20
Најмногу голови од поле Сандер Сагосен, 51
Најмногу асистенции Сандер Сагосен, 53
Голови и асистенции Сандер Сагосен, 118 поени
Најдобар процент на реализација Ангел Фернандез 85 отсто
Најмногу блокови Блаж Благотиншек, 13
Најбрз шут Филип Талески, 141 км/ч
Највисок скок Мигуел Мартинс, 75 см
Најбрз спринт Џери Толбринг, 32 км/ч
Најдолго во игра Кристијан Бјорнсен, 467 минути
Најмногу одбрани Торбјерн Бергеруд, 90 одбрани
Најдобар процент на одбрани Небојша Граховац, 40 отсто
Најмногу одбрани Норвешка, 113
Најмногу голови од контра Шпанија, 48
Најмногу голови од транзиција Хрватска, 36
Најмногу голови од 6, 7 и 9 м Норвешка, 66, 25, 72
Најмногу голови од крило Португалија, 62