По серијата позитивни случаи на коронавирус во суперлигашките екипи, Ракометната федарација на Македонија (РФМ) ги извести прволигашките клубови дека се одложува почетокот на сезоната (требаше да започне утре) во Првата лига на неодредено време.
Новиот датум за почеток на Првата лига дополнително ќе биде одреден. Засега останува да се играат натпреварите од женската Супер лига, а сѐ уште е неизвесно дали ќе продолжат натпреварите од 5. коло во машката Супер лига во групата Б по појавата на коронавирус во редовите на Работнички.
Поради настапот на Металург во квалификациите за пласман во Лигата на Европа, одложен е нивниот утрешен меч со Младост од Богданци.
Та.Д