Ракометарите на Еурофарм Работник во дебитантската сезона на меѓународна ракометна сцена се пласираа во групната фаза од ЕХФ Купот. Битолскиот тим беше поуспешен во двомечот од третото квалификациско коло од швајцарскиот Берн, откако денеска во возвратниот натпревар победи со 30-28.
На првиот натпревар одигран во Битола минатиот викенд, македонскиот тим забележа победа со 10 голови разлика.
Најефикасни во победничкиот тим на денешниот натпревар беа Граџан со седум гола, Ојлески и Кузмановски во листата на стрелците се запишаа по четири пати.
Ждрепката за групната фаза на ЕХФ Купот е закажана за в четврток на 29 ноември, а следните натпревари се закажани за 9/10 февруари 2019 година.