Vasil Ringov
Фото: Фејсбук/Васил Рингов

Големото име на македонскиот фудбал и легенда на Вардар, Васил Рингов, почина денеска на 70-годишна возраст по кратко боледување.

Роден во Струмица, кариерата на Рингов почна во младинските категории на Беласица, а своите најблескави моменти ги доживеа во дресот на Вардар за кој настапуваше од 1977 до 1983 и од 1984 до 1986 година. За најтрофејниот македонски клуб одигра повеќе од 200 натпревари во поранешната прва и втора југословенска лига, постигнувајќи 92 голови.

Во кариерата настапуваше и за загрепски Динамо и за германски Ајнтрахт Брауншвајг.