Ракометните репрезентации ги дознаа своите противници во квалификациите за пласман на Европско првенство во 2026 година што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Салекцијата на Македонија заедно со Словенија, Литванија и Естонија ќе играа во групата 1. Црна Гора е во групата 2 заедно со Унгарија, Словачка и Финска, додека Босна и Херцеговина е во групата 3 со Исланд, Грција и Грузија.
Селекцијата на Србија ги доби Шпанија, Италија и Летонија за противници во групата 4, а Хрватска во групата 5 ќе игра против Чешка, Белгија и Луксембург.
Група 1: Словенија, Македонија, Литванија и Естонија.
Група 2: Унгарија, Црна Гора, Словачка и Финска.
Група 3: Исланд, Грција, БиХ и Грузија.
Група 4: Шпанија, Србија, Италија и Летонија.
Група 5: Хрватска, Чешка, Белгија и Луксембург.
Група 6: Холандија, Фарски Острови, Украина и Косово.
Група 7: Норвешка, Австрија, Швајцарија и Турција.
Група 8: Португалија, Полска, Романија и Израел.
Директен пласман на ЕП имаат домаќините на првенството Данска, Шведска и Норвешка, како и Франција која ќе ја има улогата на бранител на титулата.
Пласман на ЕП ќе обезбедат двете најдобропласирани репрезентации од секоја од групите и четирите најдобро третопласирани селекции.
Квалификациските натпревари ќе се играат во три периоди од по два натпревари.
Првото коло закажано е за 6 и 7 ноември годинава, второто коло ќе се игра на 9 и 10 ноември, а третото коло предвидено е на 12 и 13 март 2025 година, додека четвртот е закажано за четири дена подоцна. Последните две кола ќе се одиграат во мај 2025 година, а точниот датум се уште не е одреден.
Ждрепката беше прекината откако Србија се најде во иста група со Косово
Ждрепката за квалификациите за ЕП во ракомет 2026 година беше прекината, а потоа повторена поради репрезентациите на Србија и Косово.
Причина за прекинот на ждрепката и новото извлекување е тоа што двете земји се најдоа во иста група.
Бидејќи е утврдено, според правилата, дека Србија и Косово не можат да играат меѓусебно, ждрепката беше повторена.
„Орлите“ беа сместени во групата четири, со Летонија, Италија и Шпанија, но дури откако се повтори ждрепката.
Континенталниот шампионат во 2026 година ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, а составот на осумте квалификациски групи беше решен со ждрепка.