Фото: Федерација на коњички спортови на Македонија

Членката на коњичкиот клуб Бравадос од Скопје, Љупка Аврамовиќ, го освои одличното второ место на дводневниот меѓународен коњички турнир во прескокнување на пречки „Отворено првенство на град Белград“, кој се одржа викендов во главниот град на Србија.

Македонската натпреварувачка остварениот резултат го постигна во категоријата „Амазонки“ со височина на пречките 1,20 метри и ширина 1,40 метри.

Аврамовиќ на турнирот во Србија настапи со грлото „Колпо Гросо“.

Г.И.