КОШАРКА – НБА, ПЛЕЈОФ
Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс успеаја на свој терен да го добијат третиот натпревар од полуфиналната плејоф-серија на Западната конференција на НБА-лигата против Јута, со убедливи 132-106 (27-23, 37-26, 30-34, 38-23) и да ја намалат негативата на 2-1 во победи. За тоа најзаслужни се Кавај Ленард и Пол Џорџ, кои ги постигнаа речиси половина од поените на својот тим (вкупно 65). Четвртиот дуел повторно се игра во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес, утре.
Донован Мичел и во овој натпревар беше најефикасен играч кај гостите, со 30 уфрлени коша, но поради повреда на ногата мораше да го напушти теренот седум минути пред крајот на средбата. На спротивната страна предничеше Џорџ, со 31 поен за 38 минути игра, а Ленард, кој беше лидер на теренот во вториот дел, реализира 34 коша, 12 скока и пет асистенции.