Дончиќ со последниот трипл-дабл ефект стигна до своето 20-то вакво остварување во кариерата, односно само едно помалку од сѐ уште постојниот рекорд на Џејсон Кид во Далас
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ (20) во победата на Далас против Сакраменто (127-123) одигра еден од своите најдобри натпревари во НБА-лигата. За 34 минути минати на паркетот, Дончиќ постигна 25 коша (8/18 од игра, 9/10 од слободни фрлања), 17 асистенции и 15 скока, со што го поправи сопствениот рекорд, откако е 18 месеци во НБА- натпреварувањето. Ваков трипл-дабл ефект досега е забележен само 11 пати, а најмногу има Оскар Робертсон (14), следуваат Вилт Чембрлен (4), Лари Бирд (2) итн.
Словенецот, иако моментно е дури деветти кошаркар во НБА-лигата, со 25-15-15 трипл-дабл постигнување, сепак постави два рекорда. Стана најмлад кошаркар во историјата на НБА што реализира трипл-дабл со по 15 скока и асистенции, како и најмлад кошаркар што остварил трипл-дабл со 17 асистенции.
Дончиќ се впиша и во клупската историја на Далас. Стана првиот кошаркар на овој клуб што одиграл меч со 25 коша, 15 скока и 15 асистенции. Со истиот тим, порано ова го остварил и Џејсон Кид (за 48 минути), но Дончиќ тоа го направи многу побрзо (за 27 минути). Феноменалниот Дончиќ со последниот трипл-дабл ефект стигна до своето 20-то вакво остварување во кариерата, односно само едно помалку од сѐ уште постојниот рекорд на Далас.