Кошаркарскиот клуб Ангели со уште една победа се уште го држи првото место во Втората кошаркарска лига.
Ангели убедливо ја победија досега непоразената екипа на Борец баскет од Велес со 83-56, на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“.
На натпреварот, со најмногу постигнати поени за домашната екипа, се истакнаа Максим Митевски 23, Милорад Миновски 14 и Миле Станимировиќ 11. Од останатите играчи на „Ангели“ поени постигнаа и Лука Стојановски 10, Тино Мартиновски 8, Петар Огњеновиќ 6, Петар Прентовиќ 4, Тео Милевски 2, Лука Наумовски 2 и Ангел Јанев 1.