Фото: Игор Бансколиев

КОШАРКА

Германија – Грција, Шпанија – Финска, Словенија – Полска и Франција – Италија се четвртфиналните двојки на Европско првенство (ЕП) во кошарка, на програмата денеска и утре, во Берлин (Германија). Тоа е епилогот по возбудливите и неизвесни осминафинални дуели (Турција – Франција 86-87, Словенија – Белгија 88-72, Германија – Црна Гора 85-79, Шпанија – Литванија 102-94, Полска -Украина 94-86, Финска – Хрватска 94-86, Италија – Србија 94-86, Грција – Чешка 94-88). Во однос на претходното ЕП, во 2017 година, и сега во четврт-финалето се Германија, Грција, Шпанија, Словенија и Италија, а нови се Франција, Полска и Финска. Поединечно, најпрецизен досега, во просек по меч со 29 поена, е Јанис Адетокумпо, пред Лука Дончиќ со 28… Г.И.


ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

1. Шпанија – Финска 17.15 ч.
2. Германија – Грција 20.30 ч.
3. Франција – Италија утре, 17.15 ч.
4. Словенија – Полска утре, 20.30 ч.

ПОЛУФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 2 петок
Победник 3 – Победник 4 петок