Следното лето КФМ ќе организира ЕП за кошаркари до 18 и до 16 години, дивизии Б

КОШАРКА

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) в година ќе биде организатор, а главниот град на Македонија, Скопје, домаќин на уште две европски првенства за млади кошаркари. Бордот на европскиот оддел на Светската кошаркарска федерација (ФИБА Европа) на својата седница во Швајцарија реши во периодот од 26 јули до 16 август, КФМ да биде организатор на Европското првенство (ЕП), дивизијата Б за кошаркари до 18 години и на ЕП од истата дивизија, но за кошаркари до 16 години.
Овие одлуки се само уште една потврда за одличните релации што КФМ ги има со Светската кошаркарска федерација, особено европската зона на ФИБА – информираат од КФМ.
ЕП, дивизијата Б за кошаркари до 18 години, ќе биде реализирано од 26 јули до 4 август, а континенталното првенство во кадетска конкуренција, за кошаркари до 16 години, во периодот од 8 до 17 август, и двете во Скопје.
Македонските надежи до 20 години (родени во 2004 година и помлади) ќе се борат за што подобар пласман на ЕП, кое ќе се игра од 13 до 21 јули во полскиот град Гдиња. Г.И.