Ти Џеј Шортс лани беше прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) во Лигата на шампионите на ФИБА / Фото: ЕПА

Македонскиот репрезентативец со 20 поена беше најефикасен во убедливиот триумф на Париз над Вулвс (107-78), а имаше и девет асистенции и три украдени топки, за вкупен перформанс-рејтинг од 30 поени

КОШАРКА – ПОЧНА ЕВРОКУПОТ

Македонскиот репрезентативен плејмејкер Ти Џеј Шортс, кој лани беше прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) во Лигата на шампионите (ЛШ) на ФИБА, бранејќи ги боите на германски Телеком Бон, и во новата средина, францускиот клуб Париз, но сега во Еврокупот, продолжува со исто темпо.
Во првиот натпревар од новата сезона на Еврокупот, одигран на свој терен, Париз славеше со 27 поени разлика, на мечот со литванскиот претставник Вулвс, откако победи со 105-78 (24-15, 24-25, 26-22, 31,16). Шортс со 20 поени за 22 минути на паркетот беше најефикасен на теренот, а патем имаше девет асистенции и три украдени топки, за вкупен перформанс-рејтинг од 30 поени, што е уште еден доказ дека и годинава се очекува да ги полни мрежичките на противничките тимови.
Во Еврокупот сезонава вкупно настапуваат 20 тима, поделени во две групи. Во групата А се Париз и Вулвс, како и Хапоел Тел Авив, Бешикташ, Хувентуд, Лондон, Прометеј, Венеција, Хамбург и Цедевита Олимпија. По 14 кола, првопласираните две екипи од двете групи ќе се пласираат директно во четврт-финалето, а уште по четири тима од двете групи прво ќе настапат во осминафиналето. Г.И.