Победниците на осминафиналните мечеви ќе играат со првопласираните репрезентации во групната фаза
Познати се сите четвртфинални двојки на Европското првенство (ЕП) во кошарка за жени, чиј прв дел се играше во Тел Авив (Израел) и во Љубљана (Словенија). Победниците на осминафиналните мечеви ќе играат со првопласираните репрезентации во групната фаза.
Актуелниот бранител на титулата, Србија, ја победи Велика Британија со 66-60, па сега ја очекува дуел со Белгија, селекција што оствари три убедливи победи во групната фаза.
Во четврт-финалето ќе игра и Германија, која беше подобра од Словачка со 79-69, а следен противник ќе ѝ биде Шпанија, која по стартниот пораз, забележа две победи во својата група.
Пријатно изненади Црна Гора, која лесно и убедливо ја совлада Италија со 63-49 и си обезбеди дуел со Франција за пласман меѓу првите четири репрезентации на годинашното ЕП. Неизвесен беше мечот помеѓу Чешка и Грција, кој го добија Чехинките со 79-76 и сега ги очекува дуел со Унгарија, исто така пријатното изненадување во овој круг на ЕП, чиј завршен дел ќе се игра во салата „Стожице“ во Љубљана. Г.И.
ОСМИНАФИНАЛЕ
Србија – В. Британија 66-60
Германија – Словачка 79-69
Црна Гора – Италија 63-49
Чешка – Грција 79-76
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Унгарија – Чешка 12.15 ч.
Белгија – Србија 15 ч.
Франција – Ц. Гора 18 ч.
Шпанија – Германија 20.45 ч.