На турнирот, кој до утре ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје, учествуваат репрезентациите на Македонија, Турција, Романија, Бугарија и на Косово
Младите македонски кошаркари и кошаркарки (родени во 2008 година и постари) загубија од фаворизираните селекции на Турција во првото коло на меѓународниот турнир, како дел од проектот на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) за млади кошаркари. Вчера, во рамките на 2. коло, македонските селекции играа со репрезентациите на Бугарија. Турнирот се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје, до утре, а освен македонските селекции, учествуваат и соодветните репрезентации на Турција, Романија, Косово и на Бугарија.
Претходно, од 28 февруари, во организација на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) во Скопје, беше одржано ново продолжение на кошаркарскиот камп за млади надежи, кои одработија неколку тренинзи во обидот што поподготвени да го дочекаат почетокот на овој турнир, насловен „ФИБА-проект за млади кошаркар(к)и“.