КОШАРКА – НБА
Оклахома го израмни најдобриот старт во првите од 25-те натпревари во сезона на кошаркарската НБА-лига, откако го победи Феникс со 138-89 во четврт-финалето на НБА-купот. Актуелниот шампион победи на 24 од своите први 25 натпревари сезонава, израмнувајќи го рекордот на Голден стејт од сезоната 2015/2016, кога Голден стејт го постави и рекордот за најмногу победи во една сезона, 73.
НБА-купот е годишен турнир во текот на сезоната на НБА-лигата, при што сите натпревари освен финалето се сметаат за пласман во регуларната сезона. Досегашни победници се Лос Анџелес лејкерс во сезоната 2023/2024 и Милвоки во 2024/2025.
На мечот со Феникс, Шаи Гилџус-Александер, најкорисниот играч (МВП) од минатата сезона, постигна 28 поени, постигнувајќи најмалку 20 поени на 96 натпревар по ред, пишува „Би-би-си“. Тоа беше рекордна 16. победа по ред за Оклахома, која во полуфиналето на НБА-купот ќе игра со Сан Антонио, а второто полуфинале е Орландо – Њујорк. Н.М.

































