КОШАРКА

Подмладената женска сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија го доживеа и четвртиот пораз во квалификациски циклус за пласман на Европското првенство (ЕП) в година во Белгија, Финска, Шведска и во Литванија и со тоа ги загуби шансите за пласман во понатамошната фаза. Во петтото коло од групата Ф, на гостински терен во Солун, црвено-жолтите загубија од Грција со 41-107 (7-29, 15-20, 5-28, 20-24). Во македонските редови отскокнуваше Мерит Хемпе со 21 поен, а придодаде осум скока и две асистенции. Александра Стојановска оствари седум поени, четири скока и три асистенции, а Илина Селцова запиша шест поени, седум скока и пет асистенции. Кај Грција по 18 поени постигнаа Јоана Кримили и Мариела Фасоула. Во вториот меч од оваа група, Данска дома ја совлада Хрватска со 81-61.
Македонија пред утрешниот дуел со Хрватска во салата „Градски парк“ во Скопје има четири порази и една победа (против Данска) и ќе остане на последното место во групата Ф. Неизвесно ќе биде кој ќе оди понатаму, оти Хрватска, Данска и Грција имаат по осум бода. По групната фаза двете првопласирани селекции од седумте групи и трите најдобри меѓу третопласираните одат во вториот дел од квалификациите. Досега понатамошен пласман обезбедија Израел, Луксембург (група А), Летонија (Б), Полска (Ц), Австрија, Велика Британија (Д), Бугарија, Црна Гора (Е), Србија (Г). Г.И.


ГРУПА Ф

Грција – Македонија 101-47
Данска – Хрватска 81-61

ТАБЕЛА
Хрватска 5 3 2 395-371 8
Данска 5 3 2 456-371 8
Грција 5 3 2 445-388 8
Македонија 5 1 4 322-488 6

Идно коло (утре):
Македонија – Хрватска (18 ч.)
и Грција – Данска (16 ч.).