КОШАРКА
Никола Јокиќ постигна 31 поен, рекордни во кариерата 22 асистенции и 21 скок во победата на домаќинот Денвер на дуелот со Феникс со 149-141 по продолжение, со што Јокиќ го оствари првиот статистички ефект од најмалку 30-20-20 (30 поени и по 20 скока и асистенции) на еден меч во историјата на кошаркарската НБА-лига, пишува агенцијата „Ројтерс“. Тој го забележа својот 29-ти т.н. трипл-дабл (двоцифрен ефект во три статистички категории) сезонава и 159-ти во кариерата со остварен скок на помалку од две минути во второто полувреме, пишува агенцијата „Ројтерс“.
Јокиќ е првиот кошаркар во НБА со најмалку 2.000 поени, 1.000 скока и 500 асистенции во една сезона, првиот што има најмногу вкупно поени, скокови и асистенции во една постсезона, првиот со најмалку 10 трипл-дабл ефекти во седум сезони по ред, првиот со статистички ефект 30-20-10 во финален натпревар во НБА-лигата, првиот со 20-15-15 за помалку од 30 минути…, пишува НБА-лигата. Н.М.