НБА-ПЛЕЈОФ

Кошаркарите на Хјустон успеаја да го поминат 1-то коло oд НБА-плејофот на Западната конференција и да се пласираат во полуфиналето. Тие ја совладаа Оклахома во седмиот решавачки натпревар со 104-102 и ја заокружија серијата со 4-3 во победи.
Клучниот момент на мечот се случи во последните секунди кога Џејмс Харден го блокира ударот на Лугенцо Дорт за три поени. Со тоа еден од најдобрите играчи во лигата го елиминира својот поранешен тим од ова натпреварување. Оклахома имаше предност по првиот дел, но Хјустон успеа да се врати во игра по полувремето и да има предност од пет поени пред последната четвртина. Во неа Оклахома ја намали разликата на два поена, но не успеа да стигне до победа, оти Харден го блокира ударот на Дорт, кој сезонава игра извонредно. Хјустон во полуфиналето ќе се сретне со Лос Анџелес лејкерс.
Мајами, пак, не знае за пораз и поведе со 2-0 во втората рунда во Источната конференција против Милвоки, откако го совлада со 116-114.


ПОЛУФИНАЛЕ

ЗАПАД
Хјустон – ЛА лејкерс 0-0
Денвер – ЛА клиперс 0-0

ИСТОК
Бостон – Торонто 2-0
Мајами – Милвоки 2-0

се игра до четири победи