Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето кај Украина со 61-78, по слабата последна четвртина од квалификацискиот дуел за Светското првенство во 2023 година, која ривалот ја доби со 15 поени разлика (29-14).
Избраниците на Драган Бајиќ имаа највисоко водство од осум коша во првото полувреме кое го завршија со предност од 34-30, но домаќинот успеа да направи пресврт во вториот дел.
Бојан Крстевски со 14 поени беше најефикасен кај Македонија, додека Џејкоб Вајли забележа 12 поени и девет скока, а Адем Мекиќ уфрли 10 коша. Кај Украина предничеше Артем Пустовји со 18 поени.
Најефикасен кај Македонија беше Бојан Крстевски со 14 поени, пред Џејкоб Вајли со 12 поени и девет скока, додека трето име беше Адем Мекиќ со десет поени. Кај Украина, Артем Пустовји реализира 18 поени, а Лукашов и Сидоров постигнаа по 13 поени.
Македонија во следниот меч од квалификациите гостува кај Грузија на 24 февруари в година, откако ги загуби првите две средби во квалификациите.