КОШАРКА – НБА
Претставничкиот одбор на Асоцијација на кошаркари во НБА-лигата (НБПА) го одобри планот за почеток на новата сезона во НБА, за 22 декември, пишува ЕСПН.
– Останува да се договорат дополнителните детали и НБПА е уверена дека страните ќе постигнат договор за овие преостанати прашања релевантни за претстојната сезона – пишува во соопштението на НБПА.
Лигата и играчите уште преговараат за финансиските услови на изменетиот колективен договор, но штом ќе се постигне формален договор, Лигата ќе го укине мораториумот и повторно ќе ја отвори лигата за деловно работење пред т.н. драфт (избор на нови играчи), пишува ЕСПН.
Минатата сезона се играше до средината на октомври, а претходно имаше и четиримесечен застој поради пандемијата на коронавирусот. Во новата сезона ќе има 72 меча во регуларниот дел, наместо вообичаените 82, а таа треба да заврши пред почетокот на Летните олимписки игри, во јули в година.