Македонските селекции до 20 и до 18 години се поразени од американскиот тим Атлети во акција, што е комбинирана универзитетска селекција на САД, на турнирот што се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје, а на кој учествуваат и Украина и Бугарија (под 20 години).
Засега Атлетите во акција беа поуспешни од Македонија до 20 години со 100-85 и од Македонија до 18 години со 92-59.
Турнирот е дел од подготовките на двете македонски селекции, кои летово ќе имаат настапи на ФИБА Челенџ-турнири. Г.И.