На Евробаскетот ќе настапат 24 селекции, а од тие што играа на минатото ЕП, во 2017 година, пласман на континенталниот собир в година обезбедија 19 репрезентации (во игра синоќа беше и Литванија)

КОШАРКА

Кошаркарските репрезентации на Белгија, Бугарија, Финска, Франција, Велика Британија, Унгарија, Полска, Холандија, Русија, Србија и на Турција им се приклучија на седумте селекции (БиХ, Хрватска, Грција, Израел, Словенија, Шпанија, Украина) што се квалификуваа на Европското првенство (ЕП) во 2022 година, уште во ноември, лани. На ЕП 2022 ќе играат и четирите кодомаќини Чешка, Германија, Грузија и Италија.
На ЕП 2022 ќе играат полуфиналистите од минатото ЕП, во 2017 година (Словенија, Србија, Шпанија и Русија), седум од првите осум селекции… На Евробаскетот ќе настапат 24 селекции, а од тие што играа на минатото ЕП пласман на континенталниот собир в година обезбедија 19 репрезентации, а во игра за настап синоќа беше и Литванија (директен дуел со Данска).
Единствено непознати од вкупно осумте квалификациски групи беа третите патници на ЕП во групите Б (Македонија или Естонија) и Ц (Данска или Литванија). Од квалификациските групи што до неделата беа решени на ЕП не се пласираа Романија, Шведска, Швајцарија, Австрија, Црна Гора и Летонија.
Македонија досега настапи на пет ЕП, во 1999 година беше освоено 13-то место, десет години подоцна деветтото, во 2011 година Македонија беше четврта, во 2013-та 21. и на ЕП во 2015 година беше 19-та.


РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ШТО ЌЕ ИГРААТ НА ЕП 2022

Чешка, Германија, Грузија, Италија, Белгија, Бугарија, Финска, Франција, Велика Британија, Унгарија, Полска, Холандија, Русија, Србија, Турција, БиХ, Хрватска, Грција, Израел, Словенија, Шпанија, Украина, како и Македонија или Естонија и Данска или Литванија