КОШАРКА – НБА

Бекот на Шарлот, Ламело Бол (19), е добитник на признанието за најдобар дебитант во НБА-лигата за сезоната 2020/2021. Тој е третиот кошаркар со ваква награда од Шарлот (претходно Лери Џонсон во 1992 година и Емека Окафор во 2005-та). На 9 јануари против Атланта, Бол забележа 22 поена, 12 скока и 11 асистенции, со што стана најмладиот играч во историјата на НБА со т.н. трипл-дабл (двоцифрен ефект во три статистички категории), а рекордни 34 поени (уште и осум асистенции и без загубена топка) оствари против Јута на 5 февруари. Тој имаше просек од 15,7 поени, 6,1 асистенции, 5,9 скока и 1,59 украдена топка за 28,8 минути игра на 51 меч. Бол е седмиот дебитант со просек од барем 15 поени, шест асистенции, пет скока и 1,5 украдена топка во една сезона, приклучувајќи им се на Меџик Џонсон, Пени Хардавеј, Стив Франсис, Крис Пол, Мајкл Картер-Вилијамс и Бен Симонс.