Кошаркарите на Куманово денеска ќе се најдат пред вистински предизвик, во дуелот против најдобрата екипа во тековната сезона Работнички (19 часот), во рамките на полуфиналето од плејофот.

Пласманот на Куманово во плејофот добива на тежина, бидејки е остварен и покрај „тенкиот“, половичен состав. Големи заслуги за добрите резултати има тренерот Александар Петровиќ, кој успеа да внесе победнички дух меѓу кошаркарите. 

– Се рабира дека во оваа полуфинале Работнички е голем фаворит, што пак, од друга страна не значи дека ние однапред ќе се предадеме и дека сме без шанси за успех. На претстојните натпревари ќе се обидеме само да ја продолжиме добрата форма и да изгледаме кошаркарски што подостоинствено, а од моите кошаркари очекувам, како и досега, и во овој двомеч против Работнички да го дадат својот максимум. За саботниот натпревар во Куманово ја повикувам кумановската публика да дојде во што поголем број, бидејќи на вакви натпревари помошта од публиката е повеќе од потребна, а ние за возврат ќе се одолжиме со што подобра игра – истакна Петровиќ.

Т.Д.